Регистрирај се

Кодот мора да го внесете како што ви е доставен, со внимавање на голема и мала буква.
CONFERENCE / 12.03.2019
Жената во дигиталната ера vol.2

По успехот на конференцијата Women in digital што се одржа за првпат во 2018 година, телекомуникациската компанија Вип и оваа година отвaра дебата за влијанието на дигитализацијата во секојдневниот живот.

“Digital transformation: Technical revolution or mindset evolution“ е носечката тема на конференцијата „Women in digital“ 2019 која во организација на компанијата Вип ќе се одржи на 12 март во Скопје. Како компанија чие функционирање се темели на дигиталните технологии, со оваа конференција сакаме да дадеме придонес кон понатамошно промовирање на придобивките од дигитализацијата и создавање на услови за иден развој во функција на бизнис заедницата и целокупното општество, истовремено понудувајќи решенија за предизвиците поврзани со овој процес.

Симболично, во месецот на меѓународниот ден на жената 8 март, ги споделуваме искуствата за влијанието и неопходноста од дигиталните технолoгии со нашите панелистки, истакнати и успешни жени во областа во која работат и кои ќе дадат дополнителен придонес за квалитетот на овој настан.

Говорници
Мислав Галер
Извршен директор на Вип Македонија
Дамјан Манчевски
Министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Северна Македонија
Ева Зетнер
Директорка на човечки ресурси на A1 групација
Панелисти
Ана Мадевска Богданова
Редовен професор на ФИНКИ, УКИМ
Нина Ангеловска
Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Извршен директор и ко-основач на Групер
Љупка Ѓоргиевска
Директор на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје
Христина Џамбазовска Анастасов
Директор на сектор за управување со деловни операции во Кроација Осигурување/живот
Агенда
13:00 Регистрација на учесници
13:30 Отварање на конференцијата
13:32 Мислав Галер Извршен директор во Вип Македонија
13:37 Дамјан Манчевски Министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Северна Македонија
13:45 Ева Зетнер Директорка на човечки ресурси на A1 групација
14:15 Панел дискусија истакнати деловни жени во Македонија
  • Ана Мадевска Богданова, Редовен професор на ФИНКИ, УКИМ
  • Нина Ангеловска , Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Извршен директор и ко-основач на Групер
  • Љупка Ѓоргиевска, Директор на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје Учета-Дузлеска
  • Христина Џамбазовска Анастасов, Директор на сектор за управување со деловни операции во Кроација Осигурување/живот
15:15 Коктел и презентација на AI проекти од ФИНКИ